Преспанските овоштари на мирен протест побараа итно решавање на нивните бројни проблеми

Доисплата на обесштетувањата за 2016-та година, доисплата на годинашните субвениции, како и дефинирање на откупната цена на јаболкото и обезбедување на пазари за негов пласман, се само дел од барањата на кои, преку мирниот протест, денеска потсетија преспанските овоштари.Тие стравуваат дека повторно ќе ги снајде ланската судбина кога јабоклката им се откупуваа за бедни 2 денари од килограм, иако производната цена им била барем седум пати повисока.

Во последните 3-4 години, најголем дел од нашите овоштарници, особено во атарот на селото Царев Двор и поблиските села беа оштетени од градот и затоа ние бараме дополнителна поддршка, државата да си го исплати надоместокот кој што треба да ни го даде за да можеме ние да ги поминеме овие кризни години и за евентуално да дочекаме некоја поволна продажна година. (1 м. 23 сек.) Две години данокот за продадено јаболко не е вратен, 2020 и 2021 година. Значи, тие обврски, онака како што пристигнуваат, редовно да се сервисираат затоа што ние живееме исклучиво од приходот кој што го имам од овошните насади“, – вели еден преспански овоштар.

   Преспанските овоштари се жалаат дека го достигнале дното и дека повеќе немаат ни простор, ни време, а ни средства за било какви калкулации.

Како што бевме ние разбрани во последниве шест години заради економска криза или Корона криза, или енергетска криза, ние не ги баравме тие средства да ни ги исплатат што ни ги должи државата, меѓутоа сега ние го достигнавме дното. (43 сек.) Ние ги чекавме толку време, сега тие мислам дека треба обврската да си ја исполнат, бидејќи ние сме дојдени до дното“, – кажа друг јаболкопроизводител.

   Ресорниот министер пак, Љупчо Николовски, со познатите ветувања. Уверува дека во наредните денови ќе биле исплатени обесшететувањата, а додека до крајот на годинава ќе биле исплатени и сите други побарувања од овоштарите.

Овоштарството е прва подгранка во земјоделството која што ќе добие оваа година 30% авансна исплата на субвенции за оваа 2022 година. Тоане се случило досега. Досега, знаете дека оваа година ги исплативме субвенциите за претходна, или за претходните заостанати. Ова ќе биде прва година, 2022, а овоштарите ќе бидат први, така што субвенциите за оваа 2022 година ќе ги добијат со овој ребаланс, односно до крајот на годината“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

   Инаку, македонските овоштари велат дека многу изгубиле и со губењето на рускиот пазар, како најголем откупувач на македонското јаболко и тоа уште за време на бербата.

Каролина Дурло