Преспанските овоштари во пресрет на бербата чекаат пари за ланските шетети

Тринаесет месеци, овоштарите од Долна Преспа со нестрпливост ги чекаат парите за ланските штети, кога невремето им ја уништи реколтата со јаболка, но предизвика и долгорочни штети врз овошките. Тоа, беше последниот удар што природата го нанесе, претходно со град, измрзнување и силни ветрови.

“Ланската година, градот речиси целосно го уништи родот во Долна Преспа и сега на овоштарите им останува да ги добијат тие средства кои 13 месеци доцнат, за да можат да организираат една берба на високо ниво и да можат реколтата да ја складираат и да чекаат поволни цени.” /Ст. ап/

Овоштарите, чекајќи ги ветените пари, денеска ни рекоа дека не се во состојба да организираат ефикасна берба.

“Се надеваме дека штетите од ланската непогода ќе бидат исплатени. Просто е, обичниот земјоделец е исцрпен и изнемоштен, а самата берба има одредена цена на чинење која обичниот земјоделец сега не е во состојба да ја плати.” – рече Генц Седалиу, овоштар од с. Крани.

Проценките од општинските комисии одамна се стасани во ресорното министерство, а станува збор за најмалку четири милиони евра кои Владата, барем засега, не ги исплаќа.

“Износот што го процени општинската комисија за штети е 265 милиони денари или над 4 милиони евра и очекуваме овој процент на исплата од страна на државата да биде повисок, со цел, граѓаните да бидат обештетени.” – рече градоначалникот Живко Гошареврски.

Од овоштарската асоцијација, сметаат дека вистинска помош би претставувало изградбата на откупно- дистрибутивни центри.

“Државата треба да застане позади овоштарите со изградба на откупно- дистрибутивни центри кои ќе бидат како ускладиште простор со што ќе може да се намали притисокот на пазарот од самиот почеток, а со тоа, ќе имаме снабдување на домашниот и странскиот пазар со квалитетно јаболко во подолг рок, да речиме од ноември па домај и јуни следната сезона” – рече Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на преспанските овоштари.

На неколку недели од официјалниот јаболкобер, есапите велат дека годинава се очекува реколта од 120. 000 тони јаболка, а според првите рани откупни активности, кај најбараните сорти- муцото и златниот делишес се откупуваат за 18 денари по кг, црвениот делишес од 18- 22 денари, а за ајдаретот како најзастапена сорта, трговците би платиле од 12 до 15 денари по колиграм. Петнаесет денари, се најминимална цена на исплатливост велат овоштарите, што значи, големи се шансите повторно да бидат зграпчени во канџите на трговците, како главни профитери во овој бизнис.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста