Преспанскиот договор ни го направи јазикот Северномакедонски

И покрај кампањите и уверувањата на власта за забетонираниот македонски идентитет, сочуваната придавка „македонски“ и не-спорност на македонскиот јазик, експертската јавност согласна во спротивното: ни го променија јазикот без да бидеме свесни.

Но, ова не е првпат по договорот од Преспа, главното обелјежје на народниот идентитет, јазикот, да ни се промени во северно-макеодонски. И државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, измисли „северномкакедонски јазик“.

По потпишувањето на Праспанскиот договор тогашниот премиер Зоран Заев силно уверуваше дека идентитетот и јазикот ќе останат македонски.

„Имаме договор со јасни обележја на македонскиот јазик и идентитет. Го заштитуваме идентитетот за век и векови“ изјави Зоран Заев на 20.06.2018.

И не е само јазикот. И народот односно нацијата ни стана северномакедонска, очекувано. Македонските власти не направија ништо за официјално и поагресивно да ги информираат државите како треба да не нарекуваат. Грешките на странските фактори во обраќањата кон нас се само последица од договорот во Нивици, која македонската влада свесно или не, не ја предвиде.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста