});

Преспанскиот договор за промена на името го остава Ципрас без алтернатива

Преспанскиот договор за промена на името го остава Ципрас без алтернатива. И резервата за Каменос, партијата Потами излегува од игра за ратификација на договорот со Скопје, додека останатите партии бараат предвремени парламентарни избори.  Коалиционерот на Сириза во грчката Влада, а воедно и министер за одбрана на Грција, Каменос тврди дека со Ципрас уште во минатото разговарале за македонското прашање – каква разврска и да постои во дијалогот, да се префрли по завршување на мандатот на заедничката влада. Сега работите се сменија. Па така, откако се потпиша договорот во Нивици, Каменос повеќе пати изјавува дека кога ќе дојде време за ратификација ќе ја напушти Владата.

И партијата Потами која кажа дека ќе го поддржи договорот во грчкото собрание, сега вели – без поддршка од Независни Грци не постои владино мнозинство и потребни се парламентарни избори.

Покрај различните ставови и само теортеска можност за ратификација на преспанскиот договор , грчкиот премиер најавува дека решението меѓу Грција и Македонија ќе добие апсолутно мнозинство во грчкиот парламент. Како, не открива .

Овој договор ќе добие апсолутно мнозинство во грчкиот парламент. Ја почитувам и не се согласувам со позицијата на мојот коалиционен партнер, со кој имам чесна и искрена соработка и сум сигурен дека ќе ги задржи неговите принципи, така како што самиот верува, но нема да го наруши непречениот тек на земјата кон економско закрепнување и политичка стабилност, вели Ципрас.

Засега поддршка за Ципрас даваат само Коѕиас и претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис кој е од неговата партија. И тој е сигурен дека договорот за промена на името ќе биде ратификуван во грчкиот парламент со јасно мнозинство – 151-152 или 153 пратеник, но дали ќе стигне до 170 пратеници, ќе знаеле тогаш.

И покрај најавите дека се ќе биде завршено до крајот на 2018 година, Вуцис вели дека Договорот од Преспа во грчкиот Парламент ќе дојде дури во февруари или март 2019 година.