});

Преспанскиот Договор во Уставот оди во полза на Грција

Ципрас ќе бара од ОН да одобрат дополнителен анекс на Преспанскиот договор кој ќе ја ограничи употребата на македонскиот јазик и нацијата. Дел од грчките медиуми веќе тврдат дека тоа ќе биде следниот потег на грчкиот премиер, најверојатно по промената на Уставот на Македонија.

Протоколот би бил посебен дел на Договорот од Нивици, кој во исто време ќе го дополнува испуштеното од грчка страна и ќе ги дефинира грчките црвени линии.  Овие шаховски потези од страна на Грција би биле погубни за македонската страна ако се усвојат предлозите на одредени аналитичари Преспанскиот Договор да влезе како 5 ти амандман во уставните измени.

Ципрас наводно веќе одлучил процесот да го води неговиот советник- Евангелос Калпадакис. Сепак Грчката влада засега ниту потврдува ниту демантира.

Идејата на грчката страна доаѓа по изјавата на Заев дека Преспанскиот договор ќе ги отвори вратите за изучување на македонски јазик во Грција. Од официјална Атина имаше лавина реакции –  а Коѕијас кој е и потписникот на договорот вчера порача:

-Ќе го потегнев за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц.  Нимиц се активираше и добро направи и го потсети дека прекршува две точки од Времената спогодба и од Договорот од Преспа. За тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа. Треба да се промени и членот 49 од Уставот, вели Коѕијас.

За Коѕијас и амандманот кој го дополнува членот 49 , а каде стои дека Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ во странство – е спорен.

Доколку Ципрас ја оствари идејата и го поднесе протоколот на Преспанскиот Договор во ОН и последните грчки црвени линии ќе бидат остварени.