Премиерот ќе чека на министерот: Ковачевски не знае, Кренар Лога ќе одлучи дали законот за амнестија ќе оди со европско знаменце во Собрание

Премиерот ќе чека на министерот: Ковачевски не знае, Кренар Лога ќе одлучи дали законот за амнестија ќе оди со европско знаменце во Собрание

Се поизвесно е дека власта повторно ќе си го искористи европското знаменце. Сега најверојатно дебатата со опозицијата ќе се избегне и за предлог законот за амнестија. Сепак премиерот Димитар Ковачевски не знаел, министерот за правда Кренар Лога ќе одлучува дали предложеното законско решение ќе оди во Собранието по забрзана постапка. За тоа Лога добил 48 часа, каде ќе треба да има брифинг со новинарите по што и официјално предлог законското решение ќе било испратено во Собранието

-Следуваше усогласување со техничкото законодавство и усогласување со третманот на лица осудени во странство, согласно со меѓународните конвенции и тој ќе оди во Собрание. Во однос на постапката, која што ќе се одвива во Собранието, министерот за правда господинот Лога во текот на наредните два дена, 48 часа ќе има детален брифинг, изјави Ковачевски.

И Ковачевски и од Министерството за правда потврдија дека предлог законското решение владиниот филтер го минало уште минатата седница, но бил испратен на допрецизирање на одредени делови. Од Министерството за правда потврдуваат дека според предложеното целосно ќе бидат ослободени оние на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, додека 30 проценти помала казна ќе добијат оние над половина година.

Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата,  против човечноста и меѓународното право. Нема да важи ниту за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата, како и за кривични дела сторени при вршење семејно и родово- базирано насилство. Амнестијата нема да се однесува ниту за лица кои делата ги сториле по први септември годинава.

-Целта е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела  и рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што  состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, велат од Министерство за правда. 

За овој предлог закон ќе биде само власта, опозицијата соопшти дека ќе биде против. ВМРО-ДПМНЕ најави дека на секој можен начин ќе се обидат да го блокираат овој закон, за против ќе биде албанската опозиција.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразија сомнеж дека власта се обидува да го спроведе сценарио слично како пред шест години, кога обвинуваа дека кривминалци биле ослободени од издржување казна затвор, за да им помогнат на СДСМ и ДУИ да победат на локалните избори во 2017-та. Постојат и предувања дека со овој закон власта би сакала да се испазари и за евентуално изгласување на уставнитеи измени. Собранискиот спикер Талат Џафери кажа дека за некаде една недела законот би требал да биде на пленарна седница, ако влезе во Собранието со европско знаменце.  

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста