Премиерот свесен дека корупцијата ни е најголем проблем: Ама не била виновна Владата, криви биле обичните луѓе
-Јас апсолутно се согласува со амбасадорката на САД, изјави Ковачевски запрашан за изјавата на американската амбасадорка дека корупцијата ни е најголем проблем.
Премиерот Димитар Ковачевски се согласува дека корупцијата е најголем проблем во државата која тој ја води. Се согласува дека тоа ни е кочницата на патот кон ЕУ, се согласува дека поради тоа младите заминуваат од Македонија. Се согласува со се што кажа на оваа тема американската амбасадорка Анџела Агелер. Ама не се согласува дека вината треба да се бара кај него и Владата. Обичните луѓе требало да се борат со корупцијата и да пријавуваат.
-Во однос на заложбите на Владата, јас апсолутно ги поттикнувам сите кои што се соочиле со одредени криминални коруптивни пракси, веднаш кај сите надлежни институции кои што се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителски органи, нормално согласно закон во рамките на своите надлежности, изјави Ковачевски.
Резултати на ова поле, ама Владата направила се што може. Вината може да се бара секаде, освен на Илинденска. Премиерот се пофали дека од дури и не скратиле пари за правосудниот ситем, иако сме биле во криза.
Тука морам да потсетам на поделените надлежности. Тоа е дека Владата треба во рамки на своите надлежности, мора да овозможи независно функционирање на судството и обвинителството во државата и ние тоа го правиме. Доколку го погледнете ќе видите дека нема никакви намалувања, иако сме во криза, во делот на судството и обвинителството, кои потоа сами управуваат како независен сопствен буџет, изјави Ковачевски.
Агелер ни порача дека намалувањето на корупцијата во која било форма е важно оти во спротивно ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла. Корупцијата како еден од главните проблеми се наведува и во сите извештаи кои држвава ги добива до Европската Унија.
Матеја Петровски