Премиерот не пријавил сопствеништво во здружение кое поседува компанија

Македонскиот премиер не пријавил сопствеништво за поседување на компанија, објави порталот „А1он“. Новиот скандал со премиерот следува откако тој во неколку наврати изјави дека се имал пријавено во неговиот анкетен лист.

  • Jас сум човек којшто пријавил чесно во анкетниот лист сè што поседува, а мојата биографија е комплетно достапна и во Собранието“.
  • Секој функционер е должен сето она што го има стекнато во својот живот да го пријави во својот анкетен лист, како што јас сум го направил тоа“.
  • Сите оние што не го направиле тоа во законскиот рок треба да бидат санкционирани согласно со законот“.

Ова се само дел од изјавите на премиерот, дадени пред медиумите во врска со неговата поранешна компанија „Пиксел груп“ каде бил косопственик со неговиот кум Горан Паунов. Информации за работата на премиерот има и на други компании каде бил дел од нив, како на пример Универзитетот Американ колеџ, каде што е објавено и неговото сиви.

Во последните негови работни позиции пред да стане заменик-министер за финансии, покрај коосновач на „Пиксел груп“, пишува и дека тој е член на управниот одбор на Институтот за истражување и развој „Протинк“ од Скопје, здружение кое е непознато во јавноста. Како членови на Управниот одбор се наведени пет професори – доктори на науки, но не и премиерот. Во потрагата да дознаат повеќе информации, за „Протинк“  од „А1он“  подетални информации побарале и во Централниот регистар. Во документите што ги добиле името на премиерот се појавува како еден од сопствениците, заедно со професорката на Филозофскиот факултет Наташа Богоевска и Страхиња Трпевски, професор на Архитектонскиот факултет и прв претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Како овластено лице е запишано името на Горан Бошков. Но, ниту здружението ниту компанијата не фигурираат во анкетниот лист пријавен во Антикорупциска, која веќе го проверува имотот на премиерот.

  • Доколку се потврди ваквото укажување ние секако ќе го провериме и ви благодарам на информацијата што ја споделувате со нас. Доколку се потврди, ние од наша страна ќе го обелодениме и да кажеме дека ќе сноси прекршочна одговорност, ќе му издадеме прекршочен платен налог и ќе го доставиме до институции кои имаат истражни центри и можат подлабоко да навлезат ако сметаат дека тука има некаков ризик“, вели Ивановска.

Инаку, компанијата на премиерот се наоѓа во зграда во центарот на Скопје, зад Стопанска комора, во стан, во кој според информациите на „А1он“, никој не отворал кога се упатиле да стапат во контакт со наводниот сопственик.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести