Премиерот демантира дека поднел оставка која не му била прифатена

Премиерот демантира дека поднел оставка која не му била прифатена а која следувала по жестока расправа во рамки на пратеничката група на СДСМ. Димитар Ковачевски тврди дека станувало збор за непотврдени информации и за шпекулации и дека немало вистина во информациите во дел од медиумите дека имало кавга околу носењето на уставните измени и законите за автопатите.
Според овие пишувања напнатата атмосфера кулминирала во моментот кога пратениците на партискиот шеф му укажале дека тој ја нема нивната апсолутна и беспоговорна поддршка за уставните измени и дека не треба да се брза со процедурата.
На примерот наводно му било укажано дека меѓу народот има апсолутно противење за влез на Бугарите во вакви околности и дека треба да се причека да се создадат поповолни услови за уште една промена на највисокиот правен акт во Македонија, а тој одговрил дека половина пратеничка група работела за себе и за Заев а половина за него, по што наводно потпишал документ со оставка која била упатена кон архивата на Собранието, а спикерот Талат Џафери не ја примил во архивата.
Премиерот тврди дека наводно ништо од ова не е точно, но сепак виси прашањето дали каде што има чад има и оган?