НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преку ноќ загрзоување на ЕУ интеграциите: Германците слушнале за можна амнестија, кривичниот законик бил донесен на ќутенка

Можеби преку ноќ си ја загрозувате европската иднина, ни порача Мануел Сарацин, специјалниот пратеник за Западен Балкан во германскиот Парламент. Според него самиот начин на кој во скратена постапка бил донесен законот фрла сомнеж врз неговата содржина, а ако се покажат точни тврдењата дека е за ослободување од одговорност на високи политички функционери, тогаш тоа ќе значи стоп на патот кон ЕУ.

-Но, ако сакате да влезете во Европската Унија по пат кој се коси со стандардите на ЕУ, тоа нема да заврши успешно. Ние се изненадвиме. Мислам дека е сменет голем дел од законот. Не сме ја процениле ситуацијата се уште. Јасно е дека ако ова го направиле, со цел одредени дела да бидат неказнети, тоа нема да биде добар чекор и ќе мора да биде поправен што ќе почнат преговорите. Ја направија ќутенката. За мене беше преку ноќ. Можам да зборувам само од свое име и од име на Германија, смета Сарацин.

Слушнав гласини за амнестија, ни порача и Михаел Рот, уше еден член на германскиот Парламент и поранашен министер за Европа, сега прв човек на Комисијата за надворешни работи во Парлементот во Берлин. Според него потребни биле уставните измени, ама мора да работиме многу повеќе и против корупцијата, условите во правосудството и проблемот со владеењето на правото, проблеми за кои од ЕУ редовно ни стигнуваат негативни пораки.

-Јас мислам дека има јасни очекувања од Европската Унија, бидејќи ние сме прво и прес унија на заеднички вредности, ние сме многу повеќе од еден пазар. Сите држави кои сакаат да се приклучат кон Европската Унија мора да продолжат да се борат против корупцијата. Не сакам да навлегувам во детали, слушнав некои гласини за амнестија, вели Рот.

Евроамбасадорот Дејвид Гир не сакаше да коментира за измените, моментално се разгледувале во Брисел.

-Јас мислам дека тој се разгледува во моментов од страна на моите колеги во Брисел и сигурен сум дека многу брзо ќе има реакција по тоа прашања, вели Гир.

Инаку, новиот кривичен законик беше донесен експресно за само два дена Собранието ги усвои измените со кои се намалуваат затворските казни за најтешките форми на корупција. „ЗА“ гласаа 48 пратеници, „против“ беа 36 од ВМРО ДПМНЕ, додека еден гласаше воздржано. Законот се донесе со европско знаменце, во забрзана постапка.

Матеја Петровски