Прекршен законот: Раководството на најголемото струшко основно училиште на своја рака се одлучиле за онлајн настава

Раководството на најголемото струшко основно училиште“Браќа Миладиновци ” на своја рака и противзаконски одлучило наставата во второто полугодие да се одвива онлајн поради реновирање на училишната зграда-констатирал државниот просветен инспекторат кој изврши вонреден инспекциски надзор откако Алфа го обелодени случајот.
–Во основното училиште “Браќа Миладиновци” -Струга за учениците од 6-то до 9-то одделение наставата се одржува преку учење на далечина, односно онлајн што е спротивно на член 50-а став 1 од Законот за основно образование. За констатираната неправилност ќе се донесе решение за отстранување на утврдените неправилности, велат од Државниот просветен инспекторат.
Од училиштето имаат рок од 8 дена да ги вратат децата во училишните клупи.Станува збор за околу 650 ученици кои наставата ја следат од дома.Од министерството за образование се оградуваат од одговорност.
-Општините и училиштата кои се под нивна надлежност се одговорни за организирање на воспитно – образовниот процес. Така што, министерството за образование не издава согласности за организирање на онлајн настава. Оваа форма на настава може да се организира само во услови на вонредна состојба и тоа со одлука од страна на Владата, велат од МОН.
Гратските советници од ВМРО ДПМНЕ бараат санкционирање на директорката на ‘’Браќа Миладиновци” но и оставка на ресорниот министер Шаќири.
-Тие веднаш мора да бидат разрешени и да понесат соодветна одговорност затоа што со таквото незаконско постапување ,тие вршат груба повреда на уставното загарантирано право на образование на учениците кои посетуваат настава во тие основни училишта, вели советникот на ВМРО-ДПМНЕ од општина Струга, ален Деребан.
Согласно законот за основно образование онјалн настава може да се организира само во утврдено постоење на кризна состојба: прогласена епидемија односно пандемија, поплави, пожари и други големи природни непогоди.И за тоа одлука треба да донесе Владата, а не Советот на општината-вели советникот Ален Деребан.Дополнително појаснува дека согласно законот за локална самоуправа и законот за основно образование,гратскиот Совет нема никаква надлежност да одлучува за одржување на онлајн настава како што тврди министерот. Од ВМРО ДПМНЕ му забележуваат и затоа што во екот на предизборната кампања за локалните избори 2021-ва, спротивно на законските одредби, Шакири рака под рака со Рамиз Мерко, го отвори основното музичко училиште кое до ден денес ги нема сите формално-правни услови да биде ставено во функција и работи на црно.14-те наставниците кои немаат засновано работен однос држат часови на диво и до сега не земале ниту една плата откако е отворено училиштето.
Росица Голабоска