Прекинато снимањето на „Џејмс Бонд“- Даниел Крег тешко повреден

Британските таблоиди “Daily Mail” и “The Sun” информираат дека снимањето на новото продолжение за тајниот агент Џејмс Бонд се прекинато. Како што велат поради големото „проклетство“ кое го следи новото продолжение на франшизата.

Прво главниот режисер на филмот, Дени Бојл, ненадејно одлучил да ја прекине соработката со продукциската куќа која била задолжена за снимање на продолжението на филмот.

Откако актерската екипа во прилично изменет состав на Јамајка неодамна го одржала завршниот состанок на кој биле прецизирани новите детали за филмот, главниот актер Даниел Крег доживеал повреда во текот на снимањето на една од првите сцени од филмот.

Како што кажуваат британските медиуми, Крег во една од опасните сцени кои инаку ги изведува самиот глумец, тој според сценариото требало да претрча одредена удолница, при што паднал и си го повредил зглобот.