Презентации за учениците околу последиците од употреба на пиротехнички средства

Во пресрет на новогодишните празници, кога се зголемува употребата на разни пиротехнички средства,тетовската полиција заедно со Црвениот крст на учениците им ги претставуваат опасностите,односно последиците, и здравствени и законски, од употреба на петардите.Им се укажува дека ова треба да се сфати сериозно, бидејќи повредите по телото можат да бидат опасни.

И во раководствата на училиштата велат дека постојано ги контролираат учениците и им се укажува дека не смеат да употребуваат петарди.

Во тетовската полиција потсетуваат дека употребата и продажбата на пиротехнички средства е забранета.Деновиве најавуваат и зачестени контроли по улиците, но и казни за тезгаџиите кај кои ќе бидат пронајдени петарди или огномети.

Милена Вучевска