Пред јавноста, пред колегите индиректна закана- кој кажал дека на Македонија и се спрема северна историја?!
Историја на Северна Македонија, реалност или не? Пред јавноста молк, пред колегите правдање и индиректна закана – ќе се дознаело кој е кртот. До вработените во Институтот за национална историја стигнал емаил од професорката Билјана Ристовска – Јосифовска во кој таа тврди дека во медиумите се пласирале дезинформации, но не објаснува што се дискутирало во Комисијата за класификација на научни дисциплини.
-Сакам да ја демантирам информацијата дека бил даден предлог за област Историја на Северна Македонија од страна на Институтот за национална историја или од мене како член во групата. Со оглед на тоа што се работи за јавно изнесен збор, можно е да дојде и до судска разврска (по повеќе основи), во која би бил утврден изворот на дезинформациите, се вели во мејлот.
Во емeилот до кој дојде Алфа сепак не се демантира дека за такво нешто се разговарало во Комисијата. Нашиот ивозр открива дека од неа се барало дополнително објаснување, но засега го нема.
-П.С. Сакам да верувам дека ниедна од наведените шпекулации, клевети и лични информации во написот, или пак мојот телефонски институтски број (на кој ме бареше новинар) не произлегле од колеги во ИНИ, се вели во мејлот.
Информацијата дека била иницијатор историјата на Македонија да стане историја на Северна Македонија, ја потресе Билјана Ристовска – Јосифовска но не за да одговори на новинарските прашања кои и се поставуваат два дена по ред, туку да испрати официјален мејл до своите колеги од Институт за национална историја.
Инаку според информациите на Алфа, телото со компликувано име има предлог историјата на Македонија да стане историја на Северна Македонија. Според нашите информации во предлог – верзијата која е пред Комисијата воопшто нема област историја на македонскиот народ, а ако биде прифатена, тогаш македонската историја од средниот, новиот век и така натаму би станала историја на Северна Македонија во сите историски периоди, со што дефакто би станала географска, а не национална историја на Македонците.
Од друга страна нашите извори откриваат дека оваа комисија подготвила и предлог да биде воведена област историја на албанскиот народ. Со оглед на тоа што никој ниту демтира, ниту потврдува, ниту пак кажува за што се разговарало на состанокот зад затворена врата во предавланата 61 на Земјоделскиот факултет, се поставува прашањето дали се ова претставува пробен балон за пулсот на граѓаните на оваа тема, по што евентуално овој предлог би бил јавно објавен.
Матеја Петровски