Пред зградата на Претседателството на Србија е мирно

Пред зградата на српското Претседателство од околу 15.00 е мирно, тензиите се намалени додека дел од учесниците во демонстрациите седат во паркот. Околу зградата на Претседателството е распоредена жандармеријата. Демонстрантите ги затворија сите влезови во зградата на Претседателството во обид да не дозволат претседателот Александар Вучиќ да го напушти објектот, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојзуот за Србија, Бошко Обрадовиќ, денеска изјави дека се собрале пред Претседателството на Србија да го повторат барањето за оставка на целиот државен врв и дека РТС треба да му се врати на граѓаните на Србија и дека на опозицијата и организаторите на протестот „Еден од петте милиони” да им се дозволи да зборуваат во вечерните вести на РТС.

– Денес сме тука за да го испратиме, и да му порачаме -оставка, оставка, оставка, рече Обрадовиќ и ги повика жителите на Белград да им се придружат на демонстрантите пред Претседателството.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека државата не толерира насилство и истакна дека ќе одговараат сите кои учествувале во насилствата за време на синоќешниот упад во РТС.

Вучиќ изјави дека очекува поддршка само од својот народ и не го интересираат реакции на западни амбасади.

-Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Ѓилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што го пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Ѓилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа тоа не ме интересира – рече Вучиќ.
Тој неколкупати го повторни зборот „фашисти“ мислејќи на претставници на опозицијата.

Вучиќ потоа објави фотографија на Инстаграм на која игра шах со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во претседателството

Српскиот претседател Александар Вучиќ посочи на Инстаграм профилот Иднината на Србија дека во Србија дека не треба да постои страв и дека тој ќе одговори на насилството на најдобар можен начин.

„Србија е демократска земја, Србија е правно регулирана земја, и Србија ќе може да одговори на насилство согласнотој принцип”, пишува на тој профил на Инстаграм.