Пред еден месец ја направија, сега ја ископаа – под главната улица во Визбегово се става канализација

Новите улици ги копаат, а старите не ги поправаат. Иако пред речиси еден месец целосно беше асфалтирана главната улицата во скопско Визбегово која води до индустриската зона, сега од ново истата се прекопува. Надзорот кој ја копа улицата за Алфа вели дека дури сега општина Бутел дала амин да се отвори од ново улицата, за да почнат што ќе се ставало канализација.

Работниците велат дека имаат налог за работа, иако проектот бил готов веќе една година.

И додека се прекопува улицата во Визбегово, градскиот превоз мора да минува по главната магистрала, зашто на автобуските постојки се е ископано. Граѓаните револтирани зашто се копа на секој чекор.

Претходно, повеќе од два месеци беше закочен сообраќајот на Јадранската магистрала, а за поминување се чекаше и до половина час. Тоа претставуваше сериозен проблем за компаниите од зоната Визбегово кои трпат штети поради лошата инфраструктура.

Алфа праша во Град Скопје зошто баш сега се поставуваат цефките за канализација, иако тоа можело да се направи порани, но барем за сега, одговор нема.

Борис Грујоски