Предупредување за „неодреден инцидент“ во Оманскиот Залив

Британската група за поморска безбедност денеска повика на „извонредна внимателност“ поради „неодреден инцидент“ во Оманскиот Залив.

Американската Петта флота, стационирана во регионот, одби да го коментира предупредувањето, додека иранските медиуми тврдат дека во Оманскиот Залив имало експлозии чија цел биле танкери со нафта.

Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран. Вашингтон минатиот месец го обвини Иран за напад врз четири танкери за нафта во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати, но властите во Техеран отфрлија каква и да било нивна поврзаност со настанот.