Предпразнично Скопје празно, границите полни

Скопје на 30 степени со полупразни булевари , без вообичаениот сообраќаен метеж и хаос , без брзање со порелаксирано возење . 

Претпразничниот тропски викенд и годишните одмори кои се во ек   речиси ја испразнаа метрополата  .   Веројатно вака ќе остане и до средина на неделава поради празникот Илинден  . Скопјани во најголем дел ќе се разладуваат на море или пак во туристичките места во државава.

Оние кои се во Скопје бараат некоја подебела сенка за да се спасат од високите температури .   Ама жедта од изгор скопското лето неможат да ја угасат од градските фонтани, тие не работат цело лето .  

Од обиколката низ парковите забележавме оти во градот останаа во најголем дел повозрасните граѓани .  Ако некогаш беше традиција за празникот организирано да се оди во Крушево , сега веќе и тоа го нема .  Дел од граѓаните коментираат дека летувањето станало луксуз и е далеку поскапо од минатите години

Додека скопските улици се празни, граничните премини се полни . Утринава колони на Богородица и Табановце . За влез во Грција се чекаше и до 45 минути, а исто толку се чекаше и за влез во Македонија . Зголемен интензитет на сообраќај е забележан кон Охрид .

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата времето на чекање е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

Додека главниот град е празен,  во Охрид нема каде „ игла да падне“ . Најголемиот туристички центар во земјава традиционално пред први август е полн со домашни и странски туристи .

Инаку топлото време според најавите од синоптичарите ќе продолжи и во текот на утрешниот ден .  Дожд , грмежи и засилен ветер се најавува од понеделник .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста