Предпразнично плафон цени на зелнчукот, килограм домат и краставица на пазар од 180 до 200 денари
По владината одлука за корекци на замрзнатите цени на зеленчукот и овошјето, цените скокнаа до плафон. Краставици има, ама само на зелените пазари по цена од 200 денари. Цената на доматите се движи од 150 денари па нагоре. Грав во време на пост достигнува цена од 350 денари за килограм. Трговиците уверуваат дека работат со ситен ќар, граѓаните пак се жалат дека мерките на Владата никако не се во корист на народот.
Домати и краставици по маркетите нема ни за лек, рафтовите речиси секаде се празни, ама затоа на зелените пазари се продаваат по цена од 180 до 200 денари за килограм домат и краставица. Ваква е сликата откако власта ги зголеми замрзнатите цени на дел од овошјето и зеленчукот. Во некои од пазарите килограм грав во ек на пости стаса и до 350 денари. Најголем дел од трговците не сакаат да чујат да застанат пред камера, ама оние кои се решија да кажат нешто, признаваат дека е прескапо.
- Што да кажам, освен дека е се прескапо. Многу се заминати цените до плафон. Еве доволно е да се направи обиколка еве тука на овој пазар, и може да се види се – скапо, прескапо, зошто, затоа што цената увозна е многу висока, тие знаат од каде што се набауваат производите, велат тргови од пазарите во изјава за Алфа.
Трговците на зелените пазари за да се заштитат од инспекциите не ги пишуваат цените на производите. Кога ќе видат новинар и камера кажуваат дека доматите и крставиците се до 100 денари ама кога муштериите ќе се наканат на купат – цената за нив е дупла.
Ваква е сликата по пазарите, трговите и натаму си прават големи залихи, производите ги продаваат прескапо, а граѓаните, барем оние кои мораат ќе купат по нешто.
Трговиците се правдаат на високите набавни цени, уверуваат дека работат со ситен ќар, а за граѓаните пак се оба е веќе видено . Пред секој голем празник иста песна, цени високи, квалитет просечен.
- Цените се превисоки за наш стандард. Тие си прават што си сакаат, ние, кој може ќе купи, ќе купи, другите ќе си ќутат и тоа е. Нема што да се прави, кога е скапо не може да си дозволи секој да си приушти во пресрет на празнициве, тоа е кај нас само, но ние сме немоќни да реагираме, велат граѓани кои дојдоа да купат нешто по пазарите.
Што се однесува до останатите производи во пресрет на празниците, јајцата најмногу ги има на тезгите каде има и најголеми редици. Табла се движи од 270 до 300 денари, а најбарани се белите, за подобро да фатела бојата за вапцување. Продавачите на јајца не сакаа ништо да кажат, освен дека не сакаат камери. Од Владата кажаа дека инспекцијата ќе врши контроли, и секој кој ќе правел злоупотреби ќе плати казна. Оние кои сериозно го оштетија државниот буџет беа увозниците на овошје и зеленчук кои во Царина прикажувале лажни фактури за дебело да профитираат.
Борис Грујоски