Предизборен молк – гласаат болните, изнемоштените, затворениците

Полни гласачки кутии низ затворите. Ден пред официјалните избори освен болните и немоќни лица, раселените, граѓани од дијаспората, гласаат и затворениците.

-32 гласачки места во дипломатскo-конзуларните претставништва ќе гласаат граѓани од дијаспората, за што се пријавиле 1.782 гласачи. Паралелно ќе се одвива и гласањето на 3.539 болни и немоќни лица, затвореници сместени во затвор или куќен притвор, 71 лице во старски домови и седум раселени лица кои се пријавиле во ДИК за гласање, изјави портпаролот на ДИК Љупка Гугутчевска.

Во скопските казнено-поправни установи проблеми до попладневните часови, како што кусо зад камерите информираа од избричкиот одбор во затворот во Шутка, немало.

Гласачкото место – тесна и празна соба без редица осудени, ниту пак турканици. Зошто немало притвореници, атворските чувари ни појаснија дека поради новинарите и снимателите, тие не се спроведуваат на гласање, оти за нивно снимање мора да се има судска дозвола.

Додека бевме таму, дојде само еден осуденик – имаше важечки документ за идентификација, но го немаше во списокот, па не му беше дозволено да гласа. Од одброт запишаа во свој дневник дека дошол, но не гласал.

Во најголемиот затвор Идризово, пак, ред се редеа на гласање. Таму имало затвореници без лични податоци, или што не биле на списокот па не можеа да си го остварат правото на глас.

И во штипскиот затвор барем во претпладневните часови, гласањето минало без проблеми. Право на глас имаат вклупно 1640 затвореници.