Предвремени избори за спас од агонија во која е Македонија- Мицкоски порачува дека власта мора да одговара

Брзи предвремени парламентарни избори за спас на агонијата во која се наоѓа Македонија. Се освен предвремено изборно соочување ја носи државава се поблиску до дното. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, порачува дека по погрешните политики во однос на спорот со Бугарија, неуспехот да ги протурка своите уставни измени, катастрофалната економска и енергетска политика, власта мора да бидат казнета, а единствениот начин се изборите.

-Затоа секое друго решение заначи продолжување на агонијата, затоа што секое друго решение значи дека немаме план, затоа што секое друго решение значи повеќе криминал повеќе корупција, послабо здравство, поголема катастрофа во образованието, послаба економија, повисока инфлација. И затоа ние велиме потребни се предвремени избори, за да престане Македонија и граѓаните да губат, за да почнат граѓаните да добиваат и затоа велиме ајде на брзи предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Според шефот на опозицијата доказ за лошите и катастрофални политики на власта е и изборот на новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Според него тоа е доказ дека власта сака да партизира секоја пора во општеството, порачувајќи дека по промената власта правосудството ќе биде ослободено од партиско- политичките стеги.

-Па јавна тајна дека тоа претставува уште еден партиско политички договор во власта, само исто така јавна тајна е дека таму имало две струи, едните за едниот другите за другиот, па победил овој итн. Продолжува партизацијата, затоа следната анкета нема да биде доверба во судството и обвинителството нема да биде осум проценти, ќе биде еден или два проценти, претпоставувам тоа се неколку фамилии кои се во власта од ДУИ и од СДСМ, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека е потребно веднаш да почне со примена новиот закон за здруженија, потенцирајќи дека клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид треба уште утре да биде затворен. Околу планот на власта да го праќа до Венецијанската комисија, вели нивното мислење е добредојдено, а добро би било таквата пракса да продолжи и во иднина со други закони.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста