Предвремени избори единствено решение за крај на политичката криза
Опозицијата нуди избори, власта бега од нив, ама последните пораки од странските амбасадори како да навестуваат дека власта ги губи асовите во ракавот, и нема да може да избега од предвремените избори.
Политичката сцена во Македонија ,од ден на ден се повеќе се заплеткува. Ветени, но неисполенти преговори со ЕУ, ловење пратеници за уставни измени, сомнителни договори за коридори, скандали со корупција, жестоки критики од меѓународната заедница.
Дури и внатре во Владата врие, коалиционите партнери на Ковачевски имаат барања до него, од кои може и да зависи понатамошното коалицирање. ДОМ бара Владата да не дозволи отворање на рудник во Иловица, претходно партијата на Павле Трајанов не се согласи со вметнувањето на Бугарите во Уставот, неофицијално и други двајца пратеници еден од СДСМ, а еден од коалиционите партнери не се согласуваат со отворање на Уставот.
А токму уставните измени беа и дел од изјавата на евроамбасадорот Гир, кој рече дека и да не се случат уставните измени, ЕУ немала да исчезне.
Дел од аналитичарите велат, избори во Македонија се неопходни.
Јас се сложувам со повикот на опозицијата и мислам дека тоа е единствен демократски и културен начин да се предупреди оваа власт дека и е веќе истечено времето. Избори требаше вчера да се одржат, за утре можеби ќе биде и многу доцна. Јас сум за тоа изборите да се одржат што е можно побрзо, со надминување на оние стари законски решенија за преодна влада, вели Климовски за Алфа.
Kлимовски вели само со заминување на оваа власт, Македонија може да мрдне од мртва точка.
Предвремените избори се единственото мирно средство со кое оваа власт треба да се симне и да си оди. И да отвори простор за нови идеи, програми, за надминување на сите овие слабости, вели Климовски.
Инаку ВМРО-ДПМНЕ неколку пати повикаа на предвремени избори, понудија и неколку датуми за одржување на истите, но власта секогаш ја одбива понудата. Дали нула резултатите што ветуваше додека беше во опозиција, а не ги исполни, сега ќе ја натераат да ги прифати предвремените избори?
Мери Симоновска