Прегазен работник со виљушкар во штипско, починал на пат кон болница

На 29.08.2020 во 09,00 часот било пријавено дека во с.Ерџелија-штипско, во хангар од работна машина-виљушкар управувана од С.А.(54) бил прегазен М.Г.(58) од Свети Николе, кој на пат за Медицинскиот центар Штип починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.