Прегазени двајца другари, едниот починат, другиот се бори за живот

Момче прегази двајца другари, со кој претходно патувале во истото возило. 

Едниот почина во штипската Клиничка болница, а другиот се бори за живот. 

Според СВР-Штип  несреќата се случила утринава околу 5.30 на магистралниот пат Штип-Кочани. 

Патничко моторно возило со скопски регистарски таблички управувано од К.Т. од Скопје , удри во 21годишно момче од село Кадино и во А.П. од село Трубарево, кои патувале во истиот автомобил. Двајцата се здобиле со повреди и веднаш биле хоспитализирани во штипската болница, кадешто 21годишното момче им подлегнало на повредите.
Advertisements