Првото бебе во Македонија родено една минута по полноќ

Малиот Ведран е првото бебенце родено во новата година, но и најубав подарок за мајката , Александра Ангеловска од Скопје на која ова и е прва рожба. Тежок три килограми и 920 грама, а долго 52 сантиметри, малото момче се родило само минута по полноќ, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Првото бебе денеска го посетија надлежните министри Филипче и Царовска , градоначалникот на Скопје, Шилегов. Традиционално семејството доби штедна книшка со 20.000 денари, златник, подароци за бебето. Министерот Филипче на среќните родители им го честита првото дете во семејството и посака да биде здрав и жив но, и како што рече, редовно да се вакцинира.

Покрај малиот Ведран, како што информираше Филипче ноќеска на Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје се родиле седум бебиња.
Дежурниот тим, според директорот на Клиниката Игор Самарџиски, бил прилично ангажиран со оглед дека имало неколку комплицирани случаи.

Оваа година поголемиот дел од првите новоредени бебиња се машки, покрај Ведран кој е првото детенце родено на 1 јануари во Скопје, машки бебиња се родени и во Охрид,Струга…