Прва трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“

И покрај сите овие пораки Владата си го тера она што го замислила. Денеска се одржува првата трибина од кампањата „Ние сме Европа“.

Трибината ќе биде на плоштадот „Јадран“ во Скопје, соопштија од владината прес-служба од каде велат дека обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски.

Според најавите покрај Ковачевски, на отворената трибина ќе говорат и Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Хозе Луиз Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Благица Петрески од Институтот за економски анализи Фајнанс тинк, како и Ирена Јакимовска од компанијата „Комфи Ангел“.

Ова е дел од кампањата вредна 80 илјади евра, народни пари, со која Владата ќе ги убедува граѓаните дека Македонија била дел од Европа.

Од Владата не одговорија на прашањата на Алфа што ќе промени оваа кампања кога се знае дека 80% од граѓаните се за ЕУ, но 80% од граѓаните исто така се против промена на Уставот. Нема одговор на прашањето зошто се форсира оваа кампања, особено по последните изјави од Брисел кој јасно порача дека без реформа на самата Унија, проширувањето не е можно.

Advertisements

Поврзани вести