Прва седница на работната група за уставните амандмани

Маргарита (Цаца) Николовска е претседател на работната група која почна да ги крои уставните измени. Нејзин заменик е Бајрам Положани, кои членовите едногласно ги избрале, од редот на експерти кои се вклучени за пишување на уставните амандмани.
- „Работната група ќе има задача да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот. По изготвувањето, предлогот ќе биде доставен до Владата, која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собранието. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието“ вели Министерството за правда.
Поранешниот претседател на Уставен суд, Мурати кој е дел од работната група, вели дека им било обврска како интелектуалци да учествуваат и да ја ценат својата работа.

- „Вчера имавме конститутивна работна седница на група на експерти. Разменивме ставови за Деловникот за начинот на работа. Избравме претседател и потпретседател, а денеска имаме средба со другите останати членови од политичкиот дел што се претставници, па така ќе ја утврдиме агендата“.
Како и што ќе пишуваат вкупно 23-јцата членови на работната група јавноста ќе знае ама откако Министерството за правда ќе ги извести. Премиерот ги правда членовите на групата, седницата и не требало да биде јавна.
- „Тие ќе работат според своите правни норми. Мислам дека денеска почнуваат со работа, ќе биде избран претседател и другата форма на функционирање на работната група. Таа ќе биде транспарентна како работи“, додаде премиерот.
Нема да пропадне државата ако ги внесеме Бугарите во Уставот порачува шефот на државата, па затоа го испратил и својот претставник на седницата на работната група.
- „Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите, заедно со другите шест, седум народи,“ рече шефот на државата.
И кога се зборува за уставните измени, растат и апетите на Бугарите во Македонија. Сега и тие сакаат да бидат дел од работната група, па за тоа испратиле писмо и до премиерот.
Формирањето на работната група го оценуваат како како чекор напред кон решавање на прашањето за вклучување на Бугарите во Преамбулата на Уставот на Македонија.
Инаку, Работната група има вкупно 23 членови од кои 10 се експерти, 10 се предлози на политички партии и 3 се од институции. Претставник на опозицијата нема. Предлагач на уставните измени е Владата, а Министерството за правда е телото кое е задолжено да ја подготви предлог иницијативата.
Викторија Миткова