Прва помош за многу политичари: Како најлесно да се пресмета процент?

Оставете ги калкулаторите во мобилните телефони и пресметувајте проценти со помош на овој совет од Бен Стивенс, копирајтер кој на твитер го сподели својот „иновативен начин“ за пресметка на процент од број.

Финтата на Бен е во инверзија на процентот со бројот од кој се пресметува процент. Односно, доколку треба да пресметате колку се 4% од 75, Бен предлага напамет да пресметате 75% од 4 – бидејќи е полесно.

Многу твитерџии се воодушевени од трикот на Бен, па дури и научници кои ја имаат математиката „во малиот прст“.

„Како некој кој прилично ја сака математиката, не можам да верувам дека не го сфатив ова до својата 47-ма година“, коментира еден од нив.

„Ова е денот кога твитер ми го промени животот. Заработувам за живот како научник, работам со бројки секој ден и никогаш досега не го сфатив ова. Х процент од У е еднаков на У проценти од Х. 7% од 50 е ист со 50% од 7. Не знам дали треба да бидам среќен или да се срамам. Веројатно и обете“