НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прва граѓанска обврзница- каматната стапка пет проценти

Откако Владата се задолжи кај меѓународните финансиски институции, но и кај домашните банки, сега пари ќе бара и директно од граѓаните.

Денеска се објави првиот повик за граѓанска обврзница. Една обврзница е 10.000 денари, а каматната стапка е 5 проценти.

Надлежните велат дека целта била граѓаните да ги вложат парите што ги имаат во готовина.

„Граѓаните за прв пат може да купуваа обврзници, да инвестираат во развој на земјата, да имаат сигурна инвестиција, и влогот да им биде сигурен“ изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Дел од експертите критикуваат дека на овој начин се извлекуваат парите од стопанството и дека граѓаните наместо да штедат во банка, ќе купуваат обврзници. На тој начин се намалува сумата што може да биде пласирана преку кредити, а ќе се влијае и на натамошен раст на веќе одобрените кредити.