Пратениците влегоа во Агенција за разузнавање – бараат информации за шпионските софтвери Предатор и Пегасус

Група пратеници од собраниската комисија за надзор на безбедносните служби денеска влезе во Агенцијата за разузнавање во потрага по опасниот „Предатор„ – бараат документи, информации и докази дали некој во Македонија го купил или го користи овој софтвер, кој многу лесно може да се користи за прислушкување и шпунирање на мобилни телефони. Токму „Предатор„ е причината што Вашингтон ја стави македонската фирма „Сајтрокс„ на својата црна листа.

Опозицијата веќе неколку недели по ред, по избивањето на аферата бара одговори до власта зошто надлежните институции не презеле ништо досега, ако знаеле дека во Скопје постои таква фирма, но прашуваат и дали некој го користи овој софтвер во државата.

Пратениците од Собраниската комисија за надзор на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност се решени да дојдат до одговорите. Дали во земјава се произведуваат и евентулано се злоупотребуваат системите за прислушкување Пегасус и Предатор. Потрагата по индформации ја почнаа токму оттука. Од Агенцијата за разузнавање.

Покрај Агенцијата за разузнавање, следна институција која треба да одговори е Агенцијата за национална безбеност. Пратениците велат дека нема да запрат тука, односно одговори ќе бараат и од Министерството за внатреши, кое е надлжено да издава дозволи на вакви фирми, но ќе влегуваат и во военото разузнавање.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Обвинителството дека молчи за скандалот со „Предатор“, кој е користен за нарушување на сајбер безбедноста на граѓани и организации во светот. Обвинителството се прогласи за ненадлежно, а власта ги отфрли обвинувањата.

Исто така и оперативно техничката агенција демантираше дека во употреба е софтвер произведен од фирмата Сајтрокс.

Фирмата Сајтрокс е поврзана со унгарската компанија Сајтрокс холдинг, грчката Интелекса и ирската Интелекса лимитид. Дејноста на овие компании е производство на овој систем за прислушкување. Преку нив е загрозена приватноста и безбедноста на граѓаните ширум светот, констатираше Бирото за индустрија и безбедност при Министерството за трговија на САД.

Неодамна, грчкиот новинар Танасис Кукакис објави дека бил следен со помош на „Предатор“, развиен од македонската фирма „Сајтрокс“.Истрагата обелодени  телефонот на новинарот му бил хакнат преку порака во која му е пратен линк од непостоечка веб страна. Тој бил шпиониран неколку месеци, минатата година.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста