Празно столче за министерката Мила Царовска- Нема време да ги чуе проблемите на лицата со хендикеп

Законски измени на штета на лицата со хендикеп. Засегнатите обвинуваат дека власта сака да им ги земе парите што законски им следуваат. За своите проблеми зборува Бранкица Димитровска- лице со хендикеп и Зоран Мијалков, родител на дете со аутизам, со кого снимивме интервју. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска иако уредно поканета на почетокот на работната недела, не одговори на поканата. А во телефонски разговор инициран од наша страна денеска портпаролот на министерството ни одговори дека имале други обврски. Погледнете ја целата емисија и слуштете ги проблемите на нашите сограѓани, лица со посебни потреби заслужуваат да бидат слушнати.