Празнична дружба во ковид-кризата прерасна во една од најголемите хуманитарни акции во Македонија

Пандемиска дружба со 20-тина дечиња прерасна во најголема хуманитарна акција за собирање на новогодишни пакетчиња во Македонија. Се’  започна спонтано, во 2019-та година кога сакав да ги извадам од дома исплашените дечиња и да им ги оттргнам мислите,раскажува охриѓанецот Виктор кој секоја сабота им одржувал часови на дечињата на маалското игралиште.Тогаш моите другари кои се далеку од родната грутка, ми испратија пари да им им купам пакетчиња-од тој миг не стивнуваа пораките од наши сограѓани кои сакаа да ги израдуваат децата и успеаа –сред пандемија собравме 2.000 пакетчиња. Оваа акција толку ме трогна што одлучив да ја организирам и лани кога се собраа 6.500 пакетчиња кои беа поделени низ 30 градови во внатрешноста,вели Виктор кој не очекувал ваков одзив.

Кој би очекувал дека ќе се случи такво нешто за време на кризи, за време на пандемии и чуда, кој би очекувал дека ќе се сплоти до толку народот.Ќе издојам едно другарче мое Дарче тоа е дете моја возраст со церебрална парализа е и секогаш го оставам него за крај, пред нова година и кога ќе го посетам него, чувствувам како да сум ја исполнал мисијата за годината – изјави Вик Какаротски – активист.

Во организација на хуматирната акција се вкучени деца и младинци од 12 до 35 годишна возраст,кои со трепетлив глас раскажуваат зошто одлучиле да бидат дел од оваа мисија трета година по ред.

Малите нешта се среќа, едноставно и не верував до толку дека ќе доживеам такви сцени да речам,емоции и слично.Во една пекара тука налетавме, бевме гладни дури и тоа пакетче шо го подарив детето плачеше од среќа; Децата беа насмеани и уживаа во подароците, исто како што и ние уживавме во нивната насмевка и среќа поради тоа што тие не го виделе тоа и не знаат како е; И ние со нашето малку, ќе овозможиме да се донесе насмевка на секое детско лице – велат граѓаните.

Охриѓанецот Виктор испрати порака со сите луѓе во нашата Македонија и оние далеку од дома, да даруваат, да бидат хумани,да се соберат што повеќе пакетчиња кои најпрвин ќе им бидат доделени на децата со попреченост, оние без родители и семејстава од ранлива категорија. Годинава за прв пак главниот настан ќе се одржи на гратскиот плоштад, каде ќе има многу забава и пакетчиња за сите дечиња кои од училишата со организиран превоз ќе бидат донесени на плоштадот.Локалната самоупарава им отстапила простории каде активистите приготвуваат колачиња,прават орнаменти  кои потоа ги продаваат се’ со цел да се соберат што повеќе сретства за дечињата од цела Македонија.

Росица Голабоска

Advertisements