Правосудниот систем во годината што измина: Светлосни години далеку од политичка независност и самостојност

„Тивко, тивко тонеме на дното…“

Само еден стих е доволно да го опише прогресот кој не се случи во правосудниот систем. Ако постоеше дно во бунарот кое можеше судските и обвинителските институции да го допрат, тие го пробија.

Се избра и нов шеф на Организиран криминал и корупција без никој ниту да го види ниту да го слушне.

Со 66 гласа е избран Ислам Абази.

Шеф на ОЈО ГОКК Немам блиски контакти со никој од ДУИ, рече Абази.

Само два часа подоцна – Фотографија со Фикри Ахемети, Невзат Бејта…

А даде заклетва дека ќе гони криминал и корупција без разлика на се.

„Сакам да се качувам по планини, да планинарам.. “ – рече Абази.

Сака да оди и на свадби и прослави. Ама на прославите не разговарале за предмети туку за семејни работи.

Таа фотографија е од свадба. Зајас е село, знаете нормално е да се сретнеме..изјави Абази.

Си беше и една шефица Вилма Русковска. Судбината на Катица Јанева рече нема да ја снајде, ама кариерата ја завршува во ОЈО Скопје. Или би рекле и ја завршија, оти она сакаше повторно да биде шефица на организиран криминал.

ТОНСКО  ВИЛМА РУСКОВСКА – Уште верувате дека колегите ќе ве поддржат?  Да, да, апсолутно.. Правдата мора да победи.. рече Вилма Русковска на денот на изборите за нов шеф на ОЈОКОГГ.

Битки се водеа во највисоките ешалони – Русковска беше суспендирана, а Арафат Муареми се поднесе оставка. И од двете кривични епилог не се виде. И кога правната фела мислеше дека поголем скандал не може да го снајде правосудството:

Нема место и втора шанса за корумпиран судија“, изјави Дамева.

Активистиката на Соцјал-демократите призна дека е нивен симпатизер и ги гласа на избори ама никогаш не ја зачлениле .

Аларм дека Македонија тоне во корупција вклучија речиси сите амбасадори и претставници на ЕУ. Укори и тимови за спасување на судството стигна дури од Соединетите Американски држави, но ниту тоа не допре до надлежните.

Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер на Твитер.

САД слуша и особено очекуваме резултати со 10-те милиони долари кои што ги вложивме во судството во Македонија до ден денеска, од блиску го следиме она на што се обврзавте и дали ги исполнивте обврските. Она што беше што ани беше усвоено треба да не доближи поблиску до пристапот во ЕУ и особено за вашите граѓани и општата безбедност во светот“, рече Мејер.

Реформи се ветуваа, се ветуваат и ќе се ветуваат – резултат ниту на повидок.

Го отворив судството како пупка. Нема монтирани процеси и нарачани пресуди”, рече Заев на тв соочување со Мицкоски, порача поранешниот премиер Зоран Заев.

Викторија Миткова

Advertisements