НАЈНОВИ ВЕСТИ

Правни експерти: Недозволив е молкот на институциите за случајот „Онкологија“

Недозволив е молкот од институциите за случајот со клиниката за Онкологија кој ја потресе јавноста .  Граѓаните се на нозе, бараат одговори и одговорност , а надлежните освен дека се работи на прибирање на докази како дел од предистражна постапка , до сега не откриваат детали .

Обвинителството има обврска  да ја информира јавноста , сметаат правниците. Според адвокатот Давидовиќ , институциите можат да бидат потранспарентни, како што многупати до сега ветиле дека ќе бидат, и да дадат одредени информации кои нема да влијаат на истрагата .

Обврска е при таква вознемиреност на јавноста да излезат со соопштение. Не со детали, не да раскажуваат што и какви дејствија преземаат, но можат да дадат едно свое видување на она што се презема и едноставно да ја уверат јавноста дека истрагата е во тек, дека трае и дека се преземаат соодветни дејствија за пронаоѓање на виновниците, едноставно да се утврди што е вистина во целиот настан.  Меѓу другото постојано судството и обвинителството беа критикувани дека се нетранспрарентни , вели Давидовиќ.

Првиот човек на полицијата , Оливер Спасовски  во два наврати порача дека не можел да открие ништо конкретно освен дека трае истрагата и дека се сослушуваат голем број на лица . Од обвинителството  пак има само има неколку штури соопштенија дека се прибираат докази и се повикуваат сите што имаат информации да ги споделат .  Според правната фела, единствено  во Македонија за вакви скандалозни случаи , надлежните институции не кажуваат ниту збор .

Само кај нас за некои определени случаи е тоа пракса , каде обично завршува дека сакаат да се прикрие од некој личности . Свесни сте дека истото се случи и со пожарот во тетовската болница , имаше еден период каде што никакво апсолутно соопштение немаше за тоа дали се презема, што се презема и во која насока . Ова е далеку од тоа дека е нормално и дека на овој начин се постапува , особено дека тоа се државни органи кои што работат и чива задача е отркивање на сторителите , но одговараат пред граѓаните , затоа што се грижат за нивната безбедност , права и слобода . За жал тоа кај нас не се случува, додава Давидовиќ .

МВР и Обвинителство влегоа на клиниката за Онкологија по написите во медиумите дека на болните од рак , наместо соодветна терапија им се давал физиолошки раствор, а скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар .

Кристина Алексиеска