„Правда за Ламбе Албаковски“: Јавноста со огромна поддршка за македонската музичка ѕвезда која се соочува со казна затвор поради „Ванчо Михајлов“

Популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски го опожарил бугарскиот културен клуб Ванчо Михајлов во Битола, полицијата бара мерка притвор, потврдува министерот Оливер Спасовски. Иако за некои случаи се чекаат разрешници со месеци, па дури и со години, македонската полиција овој случај експресно го реши. Популарниот пејач по само три дена со судска наредба бил приведен, а во полициска станица го признал делото. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги спомена само иницијалите на пејачот, но не сакаше да потврди дека станувало збор за него.

-Извршен е претрес во објектите, во домот и во неколку други објекти кои што ги користи или се сопственост на сторителот на кривичното дело. Притоа се пронајдени облеката и други предмети, кои што се доведуваат во врска со кривичното докази. Тоа значи дека имаме неспорни и несоборливо докази. Лицето е приведено во полициска станица и во моментов очекуваме да биде изнесен пред судија на претходна постапка. МВР бара притвор, бидејќи има елемнти за таква мерка, изјави Спасовски.

Запрашан како толку брзо бил решен овој случај, а за други се чека многу подолго време, министерот Спасовски се правда дека не секој случај можел да се реши со посакуваната брзина, но никој не можел да избега од кривична одговорност доколку се огрешил пред законот.

-Секако дека најважно е при откривањето или расчистувањето на било кој случај, да имате докази кои што ќе можат да го потврдат целиот овој случај. Некои порано, некои малку подоцна, зависно од обезбедувањето на доказите. Меѓутоа е важно сите случаи да бидат расчистени, изјави Спасовски.

Информацијата дека Ламбе е човекот кој го опожарил културниот клуб, предизвика бура реакции на социјалните мрежи. Најголем дел од нив позитивни, дури и го прогласуваат за војвода.

-ЛАМБЕ- синонимот за Македонскиот пркос! Наклон до земја царе!

-Да видиме каква ќе е правдата за Ламбе, некои запалија канцеларија на претседател па не одговараа за ништо

За*бавајте се до бескрај ама револтот сега има име и презиме, Ламбе Алабакоски.

Морееее, Бучко, Стефче, Ласкарци, модуларна, Беса Транс, Веапоска… развршница нема со години и никогаш нема да има… ама затоа Ламбе го заловивте за 2 дена

-Ако е Ламбе заслужува биста на плоштад, ако се обидат да го осудат мора протести несмееме да дозволиме уште еднаш да не замолчат и да не плашат. Вечен да си.

Што е казната за Ламбе Алабаковски за ова дело?    -Медаља

-Се продаваат ли некаде албуми на Ламбе Алабаковски? Сакам да му ги купам СИТЕ

Сепак има и такви кои се незадоволни и го осудуваат овој потег на Алабаковски.

-Сега ќе лежи ко да го запалил цел, а не само вратата. Нема поглупо од вмрана

-Ламбе им врши работа само на Бугарите, вмроњите и другите антиМакедонци..

За кривичното дел кое му се става на товар според македонските закони му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години. За опожарениот бугарски клуб во Битола, реагираше и шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, како и заменичката на Румен Радев, Илијана Јотова. Генчовска порача дека ваквиот потег немало да ги наруши односите меѓу Македонија и Бугарија, но и во стил на истражен орган за бугарските медиуми изјави дека ја видела снимката од инцидентот и кажа дека бил сторен од маскирано лице  на велосипед. Додека Јотова порача дека ова било дел од големата антибугарска кампања која се водела во земјава.

Матеја Петровски