По 17 часа пронајден е жив еден од двајцата исчезнати Македонци на Халкидики, се трага уште по еден

Грчката полиција повеќе од 20 часа трага по 28-годишен Македонец, вчера попладнето исчезна во водите на егејското море во грчлото летувалиште Посиди на Халкидики.. Спасувачката акција почна синоќа околу 19 часот ,откако тројца пријатели, влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време.  Еден од нив, 25-годишно момче беше спасено вчера, брзо откако почна потрагата. Тој имало проголтано  поголемо количество од морската вода, но е во стабилна состојба.

Денеска претпладнето,  стигна известување дека е спасен уште еден од исчезнатите, 30- годишен државјани на Македонија, кој по, повеќе од 17 часа поминати во вода е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра.

Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжувала за пронаоѓање и на последниот исчезнат македонски државјанин.

Потрагата и денеска се води во лоши временски услови со силен ветер со јачина од над 40 километри на час, а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, чамци и бродови што се во близина, и хеликоптер.

Според локалните медиуми, еден од тројцата Македонци имал роденден и дошле на Халкидики за да го прослават. Влегле во морето да се капат, без да ги земат предвид силниот ветер и брановите.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што почнала и акцијата.

Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за грчките медиуми објаснила дека плажата Мити во местото Посиди е многу опасна за пливање бидејќи има силни морски струи и големи бранови.

Солунскиот портал Ворија, утрото објави дека во еден од бродовите со кои се врши потрагата се наоѓаат и таткото и братот на еден од исчезнатите.

Од македонското МНР конечно денеска се огласија, дека персоналот во македонскиот конзулат во Солун, е во интензивна комуникација со семејствата на тројцата Македонци.

Викторија Миткова