По шест години Канческа Милевска ослободена од вина за случајот „Тендери“

По шест години судење, поранешната министерка Елизабета Канческа Милевска со две нејзини соработнички доби ослободителна пресуда за случајот со местењето тендери за „изградбата на Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот Скопје 2014.
Судијата Осман Шабани во краткото образложение смета дека нема цврсти докази со кои се докажува вина за местењето на тендерот во корист на „Бетон – Штип“.
Обвинителот Стевчо Донев најави жалба на неправосилната пресуда со образложение дека снимките презентирани на почетокот на судењето јасно ја докажуваат вината.
Адвокатот на екс министерката, Сашо Дукоски изјави дека победило владеењето на правото, додека се’ што било кажано е на база на индикации и чисти претпоставки.