По убедливиот пораз, Порошенко нарачал над 2.000 билборди со ликот на Путин

Претседателот на Украина, Петро Порошенко нарачал 2.104 билборди на кои е прикажан лице в лице со претседателот на Русија, Владимир Путин, со цел да го искористи ликот на рускиот лидер за свои политички цели.

Под фотографијата пишува „21 април, клучен избор. Изборот е ваш“.

Во Украина е забранета употреба на фотографии на луѓе без нивна дозвола, како и користење на фотографии од лица за време на кампања, кои не се украински државјани.

Порошенко својата претседателска кампања ја изгради на конфронтација со Путин, истакнувајќи оти тој е негов главен противник, како и дека тие кои се против него го подджуваат рускиот претседател.

Во првиот круг од претседателските изботи Порошенко освои 15,95 отсто од гласовите, додека комичарот и кандидат на движењето Слуга на народот, Володимир Зеленски освои 30,24 проценти од гласовите.

Вториот круг од претседателските избори во Украина ќе се одржи на 21 април.

МИА