По трет пат одложено судењето за случајот со родилката Веапоска од Дебар
Од самиот почеток се одолговлекува судењето на тројцата доктори од Струга кои ме осакатија и ме оставија без матка,бубрег и јајник,вели родилката од Дебар Јилдз Веапоска.Но колку и да се купува време и да се тактизира еден ден ќе дојде крајот, правда треба и мора да има-додава таа.
Денешното рочиште беше одложено бидејќи адвокатот на еден од обвинетите имал хируршка интевенција,со ова по трет пат се одложува судењето кое почна на 6 јуни лани,а ќе продолжи на 9 мај годинава.Што значи и после една година од отпочнувањето на судењето тројцата доктори Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска, кои обвинителството ги гони за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето,се далеку од пресуда. Адвокатот на Веапоска вели до крајот на годинава не очекувам судска разврска на случајот.
- „Сепак премногу време одминува по однос на ова судење.“ Вели адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.
Во судницата до сега исказ даде само родилката Веапоска,која како што вели оваа голгота низ судските лавиринте уште повеќе ја исцрпува и и ја влошува општата здравствена состојба.
- „После сетоа тоа сторено, имав уште оперативен зафат, се лекувам на психијатрија, се’ повеќе и повеќе ми се влошува здравјето и психички и физички.“ – Вели родилката Јилдиз Веапоска.
Веапоска смета дека лекарите имаат цврста позадина, а дека се правеа напори случајот да се заташка говори и извештајот на Лекарскара комора на Македонија каде стои дека намело пропуст во лекарската интервенција,обидувајќи се да го амнестира од одговороност Асани кој пак беше член на Извршиот одбор на комората.
- „Лекарската комора го донесе извештајот дека докторот нема лекарска грешка и тие доктори се тие што беа во клиника и што ја знаеа целата моја ситуација,тие ја донесоа таа одлука дека нема лекарска грешка.“ – Вели Веапоска.
Инаку,временоста на Веапоска која била уредна, ја водел првобвинетиот Мухамед Асани кој во тоа време беше и директор на струшката болница.Основното јавно обвинителство цени дека при укажувањето лекарска помош, лекарите примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година.
Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски