По промената на власта, предводникот на пучот во Судан поднесе оставка

Суданскиот министер за одбрана Ахмед Авад Ибн Ауф поднел вчера оставка како лидер на преодниот воен совет, еден ден откако војската која тој ја предводеше го собори од власт долгогодишниот претседател Омар ал Башир.

Тој на телевизија објави дека неговата позиција ќе ја наследи генералот Абдел Фатах Бурхан, а својата одлука ја образложи со желбата да го зачува единството на оружените сили на Судан.

Суданската полиција соопшти дека за време на протестите во Картум во текот на претходните два дена се убиени најмалку 16 лица, а 20 се повредени. Причинета е материјална штета врз државни и приватни објекти.

Воените власти во Судан го укинаа Уставот, ја распуштија владата, прогласија тримесечна вонредна состојба и воведоа полициски час.

МИА