По повикот на Ахмети – Дали Ислам Абази ќе го истражува Ахмети!?

Кадија не те тужи, кадија не те суди. Оваа малку изменета изрека веројатно најдобро ја прикажува полтичко – судско – обвинителската спрега во чиј центар е Демократската унија за интеграција.

Откако првиот човек на ДУИ, повика на истрага почнувајќи од него, јавноста и експертите се зачудени, кој ќе истражува – инфлилтрираните партиски кадри кои единствена лојалност полагаат во Али Ахмети а не во системот и законите?

Ислам Абази од Зајас, првиот човек на организиран криминал е клучната фигура во евентуалната истрага, но токму тој и Али Ахмети имаат блиски односи. Доказ за тоа се фотографиите објавени уште при изборот на Абази.

Џевдет Хајредини на својот Фејсбук, прашува дали некој очекува истрага?

Очекува ли некој истрага за Али Ахмети да отвори Ислам Абази од Зајас? И да отвори истиот ден ќе ја затвори, пишува Џевдет Хајредини.

Сопругата на Абази неодамна е избрана за обвинител во Основното јавно обвинителство во Кичево, а е дел од истата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители заедно со синот на собранискиот спикер Талат Џафери.

Пипците на ДУИ во судството се и во Судскиот совет кој колабираше со смената на поранешната претседателка Весна Дамева. Сегашниот заменик претседател на Советот, Ханиф Зендели стана член на Советот во 2020. Тој дојде од гостиварска апелација . На негово место требаше да седне судијата Артан Лимани од скопска двојка, но иако имал речиси 40 гласа повеќе од сегашниот заменик Зендели,  во последен момент ги повлекол документите.

Ништо поразлично не е ни со поранешниот заменик претседател на советот, Селим Адеми кој ја иницираше смената на Весна Дамева. Тогашните реакции меѓу кои и онаа на поранешниот министер за правда Михајло Маневски беа дека Адеми со поддршка на сите претставници на ДУИ во Советот извршил пуч.

Паула Костадиноска

Advertisements