По масакрот во Србија, МОН отвори адреса за пријавување насилство во училиштата

Електронска адреса за пријавување врсничко насилство – ова е единствената мерка која произлезе од денешниот состанок во МОН. По случувањата кај соседите, се вклучи алармот и во Македонија, но колку се властите подготвени да се соочат со предизвиците. Министерот по состанокот рече дека се разговарало за повеќе мерки како да се зголеми заштитата во училиштата, но не откри што конкретно.

Мерката следи по масовните пукања во Белград и околината на Младеновац, во кои беа убиени вкупно 17 лица. Убијците се 14-годишен ученик и 20-годишник.

  • На моја иницијатива, денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор“, изјави Шаќири.

Ги повика родителите да пријават насилство на оваа мејл адреса. р[email protected]

Адресите се веќе активни и министерот најави дека по секоја пријава веднаш ќе се постапува.

Ако училиштата итно не изготват протоколи за препознавање случаи на меѓуврсничко насилство, каде ќе бидат вклучени министерствата и полицијата, што и да се направи ќе биде бадијала, му предочиле експертите на министерот.

Булингот во училиштата е сериозен проблем кој може да предзвика сериозни последици, велат социолозите, и затоа е потребна итна обука.

  • Она што се случува во школите, а тое е булингот во училиштата може да доведе до сериозни последици врз сите, затоа е потребна обука во образовниот процес, сега и веднаш. Во рамки на постечките механизми за справување со меѓуврсничко насилство и девијантни однесувања на децата и младите, делуваат стручните служби во училиштата, и тие мора да се засилуваат, како што се педагошката служба и Просветниот инспекторат, а МОН да имаат конструктивна соработка со службите на МВР“, вели социологот Татјана Стојаноска Иванова, по средбата во министерството.  

Експертите посочуваат дека се неопходни и законски измени, но и дека фали кадар во школите. Психолозите, педагозите и социолозите се прецизни дека сите мора да работиме повеќе со децата. И родителите и наставниот кадар.

Борис Грујоски

Advertisements