По критиките од Греко за работата на МВР, Спасовски најавува секторски промени

Неколку денови по извештајот на ГРЕКО, каде 14 од 21 препорака се токму за МВР , се огласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој за забелешките од Групата на земји против корупцијата, се правда дека веќе формирале работна група која ќе ги анализира препораките односно критиките кои се упатени за Министерството, но не истакна на кој начин и кои ќе бидат првите оддели кои ќе се соочат со промени.

Бројот на забелешки не е мал, а тоа го потврдува и македонскиот претставник на ГРЕКО, Ана Павловска – Данева , која истакна дека ќе бидат потребни реформи во МВР, односно менување на законот за полиција, за внатрешни работи како и промена на критериумите за избор на директор во бирото за јавна безбедност.

Претседателката на Државната комисија за антикорупција, Билјана Ивановска чиј сектор беше исто така оценуван од ГРЕКО, вели дека забелешките се толку бројни за МВР, оти таму има највеќе детектирани проблеми.

Судијата Маргарита Цаца Николовска истакна дека извештајот на ГРЕКО е таков каков што , но и ги посоветува медиумите да водат сметка и реално да известуваат за состојбите.

Инаку во последниот извештај на Групата на земји против корупцијата е заклучено дека внатршната контрола во МВР не е доволно одделена односно самостојна во однос на евентуално политичко влијание и влијание од страна на министерот. Од МВР во препораките се бара детално и прецизно да објавува колкав е буџетот, но и колку обуки се направени во однос на етичкото однесува почнувајќи од самиот министер, преку високите функционери и полициските службеници.

Мери Ѓорѓиевска