По критиките и обвинувањата, се разбуди и Уставниот суд

Критиките од меѓународната заедница за катастрофалната состојба во македонското правосудство веројатно допреа и до највисокиот суд. 18 претставки за Договорот од Преспа и Законот за јазици, по неколку години во фиока, претседателката Кацарска ќе ги стави на Дневен ред на седница на есен.  Пратениците се играат мајтап и со Уставен суд и со граѓаните бидејќи не ги гласаат судиите за да се пополни составот во догледно време критикува Кацарска. Нецелосниот број на уставни судии беше причината зошто со години не се одлучуваше за Преспанскиот договор и законот за јазици.

  • Пратениците се мајтапат со Уставниот суд. Работевме на работ на кворум и несериозно е што пратениците се уште не можат да изберат уште двајца судии. Овие два предмети се обемни, но јас не сум судија која предметите ги остава во фиока или под тепих.  За уставноста на Преспанскиот договор има 5 поднесени иницијативи, а за Законот за јазици 13. Тоа ни го покачува бројот на нерешени предмети и нема да дозволам да останат нерешени уште долго време чекајќи го Собранието да ги избере уставните судии“, рече претседателката Кацарска.

Истовремено, Уставниот суд не дочека некој однадвор да го оспори Упатството на Кренар Лога за графа во изводите за националност. Едногласно сите 7 судии пресекоа проверка на законитоста на Упатството, но немаат можност да го стават во мирување издавањето на изводи на родени со етничка припадност се додека не се слушне Рефератот од судијаа известител кој постапува по предметот. Од Правда пак демантираат дека министерот постапувал против-законито повикувајќи се на членови од Законот за матична евиденција.

  • Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција“, информираа од Министерството за правда.

Надлежен судија веќе постапувал и за оспорениот закон за 60-часовна работна недела кој се изгласа за потребите на Договорот со Бехтел и Енка, уверуваат од Уставниот суд а граѓаните и синдикатите очекуваат решение бидејќи никогаш не се согласија со таквите законски измени.

Advertisements