По изборите нов обид за договор меѓу власта и опозицијата за Законот за ЈО

СДСМ да ги прифати амандманите на опозицијата па дури тогаш може да се гласа законот за Јавното обвинителство, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Открива дека клучните разлики околу статусот на СЈО преку законското решение остануваат камен на сопнување , иако имало размена на документи, но ни од далеку не како конечна верзија.

Од друга страна пак иако не ги прифаќа барањата на опозицијата, премиерот очекувал консензус и тоа до рокот за добивање на препорака од ЕУ. За него, разумно решение претставува предлогот на опозицијата, според кој самите обвинители да одлучуваат за иднината на предметите кои ќе им бидат распределени.

Инаку опозицијата бара СЈО да се инкорпорира во рамките на Одделението за гонење на криминал и корупција. Јавниот обвинител да се бира по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. И последен принцип на кој инсистира опозицијата е да не важат бомбите, односно сé што е до 30 јуни 2017 година согласно законот за СЈО, нека си има завршница, а после тоа да се покрене одговорност зошто некој постапувал спротивно на законите, велат од партијата.

Ивана Соколовиќ Најдова