Социјалната помош се зголемува, месечната помош за трето дете се укинува- Усвоенни законските измени

Изгласен е пакетот од законот за социјалната реформа. Првите исплати на зголемената парична помош за 300 отсто се очекуваат од идниот месец. Трите пакет закони за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица треба да овозможат целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита и воведување социјална правда како основа на секое здраво и напредно општество.

Не само што воведуваме минимален адекватен приход или повеќе финансиски средства кај најсиромашните туку воведуваме и услуги кои што директно овие лица ќе ги носат до вработување, а децата до предучилишно образование во целиот образовен систем -изјави министеркатата за труд и социјална политика Мила Царовска

Опозицијата реагира дека СДСМ работи против интересите  на граганите, владејачката партија  денеска ги одби амандманите предложени од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата со кои се предвидува зголемување на надоместокот на социјално загрозените граѓани и ранливите категории на граѓани.

Од парламентарното мнозинство беа одбиени 4 амандмани за кои претходно матичните работни тела не заземаа став поради еднаков број на гласови помеѓу власта и опозицијата. Амандманите беа во насока на подобрување на на текстот на законот како и во насока на подобрување на квалитетот на живот на сите категории на граѓани кои живеат во Република Македонија. велат од ВМРО ДПМНЕ

Пакетот закони за социјална заштита на владина седница помина уште лани, а шест месеци беше блокиран во Парламентот. Главната причина беа несогласувањата помеѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ во однос на детскиот додаток, кој се укинува. Наместо него се воведува еднократна помош за прво, второ и трето дете.

Со новиот закон се предвидува, детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Се воведува и социјална сигурност за стари лица кои останале без старосна пензија и немаат други извори за егзистенција.

Јована Грчева