По две недели од смртта на 29 годишната родилка од Охрид МЗ ќе формира комисија

После две недели од смртта на 29 годишната родилка од Охрид, се огласи Министерството за здравство со информација дека ќе формирале комисија за вршење на стручен надзор за овој случај.

По спроведувањето на стручниот надзор на работата на здравствените работници и установи, каде што била третирана бремената жена,министерството ќе може да излезе со став-стои во дописот кој ни го испратија.

За загубениот млад живот од охридската општа болница исто така се огласија само со соопштение.И од таму никој не сакаше да зборува пред камера и да каже како се случи родилката која уредно била примена на гинеколошкото одделение ,неколку дена по порадувањето во лоша здравствена состојба да биде испратена во Скопје каде и почина. Ибаку како што веќе Алфа информираше,на гинеколошкото одделение вчера од Државниот здравствен и санитарен испекторат вршеа вонреден инспекцински надзор, а контрола се вршеше и на КАРИЛ,на Клиниката за гинекологија и акушерство,а под лупа е и матичниот гинеколог кој ја водел бременоста на охриѓанка Марија Пупунцоска.

Нејзините најблиски велат дека свесни оти се работи за заболување кое никако не смее да се потцени,од самиот почетокот на бременоста ги информиравме лекарите.Велат дека ќе го почекаат обдукциониот наод бидејќи и самите не знаат што се случило,но кусо потенцираа дека никој не ги упатил на Скопскиот клинички центар, иако знаеле за здравствената состојба во која таа се наоѓа.

Од болницата во Охрид не чувствуваат вина, уверуваат дека причината за смртта на родилката не е гинеколошка компликација и тврдат дека брисот од раната од царскиот рез бил стерилен.Дополнуваат дека вложиле максимални напори,се направиле брзо и според протокол,благовремено ја испратиле во терциерна установа.

29 годишната Марија Пупунцоска боледувала од ретката болест Лупус со која се соочувала од својата 14 годишна возраст. Првично беше пренесено дека лекарите наводно утврдиле оти причината за смртта на Марија е сепса. Додека не го добијат обдукциониот наод, од болницата во Охрид велат дека никој не може да тврди оти родилката починала од сепса.

Росица Голабоска