По вторпат Европската конференција за млади инженери ќе се одржи во Скопје

Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија по вторпат ќе биде домаќин на Европската конференција за млади инженери #EYESKOPJE2023. На 51виот европски инженерски собир, ќе бидат присутни млади инженери од Македонија и од сите европски земји. Темата на годинешната конференција е дефинирана како „Connecting Engineers’ Pathways“, а ќе се одржи од 5 до 8 октомври на Факултетот за електротехнички науки и информатички технологии (ФЕИТ).

Европската конференција на EYESKOPJE2023 на младите инженери учесници ќе им понуди три дена исполнети со панел сесии и работилници преку кои ќе се запознаат со успешни лидери, менаџери како и експерти од инженерската индустрија во земјава, кои ќе ги споделат своите согледувања и перспективи за предизвиците, трендовите и можностите со кои се соочуваат индустриите и општество во целост. Исто така, ќе бидат организирани и презентации и посети на компании во Скопје и околината, што ќе помогне во дополнително размена на идеи, градење нови релации и деловни можности.

Преку размена на искуства и идеи, Европската конференција за млади инженери ќе придонесе кон промоција на домашните млади инженери, домашните компании и ќе понуди можности за вмрежување и поттикнување идни соработки на нови иновативни проекти. Во насока на промоција на придобивките од инженерските достигнувања, Клубот на млади инженери ги поканува и домашните компании да учествуваат на конференцијата и да се вклучат со презентирање на сопствените компании и визии за примена на иновативните инженерски решенија и зголемување на придобивките од истото.

Сите заинтересирани млади инженери, може да се регистрираат на следниот ЛИНК, а воедно и да ја искористат можноста за првите најповолни влезници за регистрација до 6 август 2023.

Advertisements