Почнува „лов“ на корумпирани политичари во Македонија, Вашингтон испрати тим за санкции

САД ќе ја чешла корупцијата што ја направиле македонските функционери . Тим за санкции од Вашингтон во Македонија ќе врши поагресивен увид на поранешните и сегашните корумпирани политичари. Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер преку „Твит“  даде тешка задача на македонското правосудство – да покажат дека никој не е над законот.

Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер на Твитер.

Тимот за санкции доаѓа неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик – помошник на државниот сектретар на САД  најави дека САД ќе воведат дополнителни санкции за  корумпираните официјални лица од Балканот со што ќе се  тргнат од одговорните позиции.

Дека корупцијата е еден од главните фактори што ја кочи Македонија на патот кон Брисел, Агелер порача и пред два дена по средбата со Премиерот во Владата, кога пак тој се согласи со се што  беше кажано , ама рече дека не било негова вина.  

Дека корупцијата во Македопнија е она што го забавува напредокот на државата, порака добивме и од Гермнија. Според германската амбасадорка Анке Холштајн, корупција има на секаде.  Луѓето треба да престанат да даваат „пари под рака“ на пример на лекар за да добијат подобра услуга, или на наставничката за подобра оценка во школо.

Во зависност од тоа колку брзо Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март , рече Холштајн.

Справувањето со корупцијата е во срцето на скрининг процесот – директна порака пред една недела добивме и од Евро амбасадорот Дејвид Гир. Одговорајќи на новинарско прашање за случајот Онишченко порача дека не само за овој случај туку воопшто потребно е да се покаже професионалност на институцииите .

„Штотуку ги отворивме пристапнит а во срцето на овој процес  е пред се да се справиме со законот и со корупцијата. Нешто што е од најкруцијално значење и владата и опозицијата заеднод а работат да ја спроведат оваа агенда ,Секоја институција ако види дека некој извршил кривично дело треба да го изнесе пред лицето на правдата и да биде независно и професионално во тој процес а сето тоа е во нашиот фокус, порача Дејвид Гир – Амбасадор на ЕУ. Иако добиваме шлаканици од сите страни, Премиерот смета дека Владата преземала конкретни мерки.  А за него, очигледно најважно од се се уставните измени кои ќе не седнеле на големата маса во Брисел .

Кристина Алексиеска

Advertisements