Почнува втора инвестициска фаза во „Костал“, 750 нови работни места

Почнува втора инвестициска фаза во „Костал“, фирмата предвидува нови  750 работни места со што до 2025-та нивниот број ќе достигне 1.150. Со тоа овој погон на германскиот концерн ќе биде меѓу трите најголеми во Европа.Генералниоит директор на Костал –  Македонија Виктор Мизо најави дека бројот на вработени во наредните пет години ќе биде зголемен за уште 750, а со новите инвестиции извозот од фабриката во Охрид значително ќе се зголеми.

Планот на компанијата е со напредни технологии кои треба да дојдат во блиска иднина да реализираме извоз од околу 300 милиони евра на годишнон ниво, што е голема бројка не само за Македонија како држава, туку и за Костал групацијата, што значи дека ние ќе бидеме една од трите најважни фабрики на Костал во Европа. – рече Мизо.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја посети фабриката. Вели дека оваа компанија има сериозно влијание за економскиот развој на охридскиот регион.

Како резултат на тоа се и рекордните бројки на странски инвестиции кои минатата година достигнаа 624 милиони евра, што е 260% од просекот во минатите години и јас очекувам генерално позитивни бројки во економијата во наредниот период. – рече Анѓушев.

Инаку преговорите за инвестицијата со германски „Костал“ започнаа во 2011 година од тогашната власт, а во 2015-та компанијата ја реализираше првата инвестиција во Македонија.

Joована Грчева